Земјоделците до пари од ИПАРД 2 со помош на државата

ИПАРД 2 програмата реално може да обезбеди прогрес и внесување на нови технологии и иновативни методи во сите свери на македонското земјоделие кои ќе овозможат поквалитетни производи, поголеми приноси и пласман.

Министерството за земјоделство призна дека не се искористуваат парите од ИПАРД 2 програмата. Немањето капацитет и знаење земјоделците сами да подготват проекти се главна пречка за неискористеноста на овие европски фондови.

За парите сепак да почнат да се користат, министерството нуди 27 бесплатни стандардизирани инвестицини проекти. Ќе бидат наменети за изградба на сточарски фарми, за подигање на овошни и лозови насади, како и за изградба на мандри и силоси. Единствен услов за учество во проектот е да се биде регистриран земјоделец.

„Очекувам со сите овие мерки кои ги преземаме, средства кои ги има во ИПАРД 2 програмата ќе бидат навистина недоволни. Има многу голем интерес на теренот. Земјоделци кои сакаат да учествуваат за да земат средства. Проблемот ни беше непознавање, немање на проекти. Сè ова што сега го преземаме се надевам понатаму нема да има проблеми“, рече Михаил Цветков – Министер за земјоделство.

Сите кои сакаат да ја искористат оваа поволност ќе треба од Подрачните единици на министерството да подигнат материјал кој потоа ќе треба да го поднесат како проект пред надлежните институции за да ги добијат грантовите.

Инаку, за да се подготви еден проект со кого би се аплицирало за европските пари од ИПАРД 2, на земјоделците им се потребни од 5 до 10 илјади евра за подготовка на проектот, но без гаранција дека тој ќе помине во европските институции.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.