Доколку сте склони кон напади од астма, бидете претпазливи на овие лекови

Инфекцијата на усната празнина и грло, едноставно може да се ублажи со лекови, но лицата кои се склони кон астматични напади мораат да бидат повнимателни при нивниот избор на лекови со претходна лекарска консултација.

Пилулите за ублажување на болка во грлото, најчесто содржат флурбипрофен активна состојка, која припаѓа на групата наречени нестероидни анти-инфламаторни лекови.

Тие се користат за да се ублажат симптомите во грлото, како што се болка и негово отекување. Најчесто се користат при терапија на артритис (воспаление на зглобовите) и треска.

Лекот го намалува производството на простагландини во телото, а тие се супстанции кои се одговорни за предизвикување на воспаление и болки во телото.

Флурбипрофенот, кај луѓето со астма може да предизвика бронхоконстрикција (стеснување на бронхите), да го отежне дишењето и да предизвика напад на астма.

Поради тоа пулмолозите на лицата кои патат од астма им препорачуваат избегнување на нестероидни лекови при лекување на грлото. Наместо флурбипрофен, им советуваат да користат спреј кој делува локално.

Добра алтернатива се и хербалните лекови, посебно оние кои содржат арника, камилица, жалфија, мајчина душица или екстракт од корен на Јужноафриканското растение Cape Pelargonium.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt