Хомеопатијата на суд: Колку навистина е ефективна алтернативната медицина?

Хомеопатијата е псевдонаука која е предложена од страна на германскиот физичар Самуел Ханеман во 1796 година и се темели на принципот на „со слично се лечи сличното” т.н. лекување со силно растворени супстанци, за кои се тврди дека имаат слични ефекти како и симптомите што го предизвикале заболувањето.

Хомепатските лекови се подготвуваат со сериски раствори и силно протресување „потентизација“ сè додека во вода не се раствори оригиналната супстанца.

Со текот на постапката на разредување, хомеопатите веруваат дека молекулите од водата стекнуваат сопствена меморија за почетното соединение кое е разредено, така што составот станува лековит.

Center For Inquiry (CFI) е меѓународна непрофитна образовна организација за унапредување на секуларното општество темелено на наука, разум, слобода на изразување и хуманистички вредности. Имено оваа организација поднела тужба “во името на народот” против американскиот фармаколошки ланец CVS Pharmacy, поради лажно рекламирање и трговија со хомопатски препарати.

CFI со тоа ги тужи најголемите трговци со лекови во Америка за дезинформирање и лажно претставување на делотворноста на препаратите од областа наречена хомеопатија, залажување на потрошувачите со што им го загрозува здравјето.

Николас Литл, подпретседател на CFI при поднесувањето на тужба изјавил: “Хомеопатските лекови на полиците од аптеките се нудат заедно со научно тестирани лекови. Ако на страната на CVS пребарувате лекови за ублажување на симптоми од грип, на купувачот не му се прикажува никаква разлика помеѓу фармацевтски производ кој е проверен и тестиран и производот кој не е ништо друго, освен обична вода”.

“И покрај обидите за разговори со надлежните на CVS Pharmacy, тие целосно нè игнорираа”, вели претседателот и извршен директор на CFI, Робин Блумнер.

Медицинските експерти од CFI низ годините лобираат во правец на строго регулирање на достапноста и самата продажба на хомеопатските производи, а Федералната агенција за храна и лекови FDA во неколку наврати ги повикаа да ги искажат своите стручни вештачења пред комисија.

Еден од најзначајните резултати од таквата соработка е изјавата на FTC од 2016 година дека продажбата на хомеопатски производи е прифатлива само ако производот е видливо нагласено дека:

– Нема научни докази дека производот има медицински ефект,

– Декларираната намена на производот е темелена на хомеопатски теории од 18ти век, кои не се прифатени од страна на современите медицински експерти.

Целиот текст од тужбата на CFI е достапен тука.

Поддржете ја нашата работа: