Тувалу: Островот за кој што се мислеше дека тоне, всушност расте

Островот Тувалу, кој долго се сметаше за главен кандидат за исчезнување поради зголемувањето на нивото на водата предизвикано од климатските промени, всушност расте – покажува новото истражување, спроведено од страна на научници од Австралија.

Студијата од Универзитетот Окленд ги испитувала промените во географијата на Тувалу и 101 гребен од 1971 до 2014та година, со помош на воздушни фотографии и сателитски снимки.

Потврдено е дека три четвртини од островите на Пацификот пораснале во текот на споменатиот период, зголемувајќи ја вкупната површина на Тувалу за 2,9%, иако нивото на водата двојно е зголемена во однос на глобалниот просек.

„Иако атимите во Пцификот се повеќе ги сметаме за статично копно кое водата го голта додека нивото на океан расте, истражувањата покажаа дека е во прашање многу динамична географска област, која непрекинато се менува“, вели ко-авторот Пол Кенч во студијата објавена во списанието Nature comunications.

„Податоците покажаа дека имаат на располагање децении за решавање на овој проблем. На крајот, со помош на податоците добиени во ова истражување возможно е да се утврди кои острови во иднина најмногу ќе растат, односно на кои би било најдобро да се пресели целата популација“, додава тој.

Научниот тим од Окленд вели дека климатските промени остануваат една од главните закани за ниските острови, и додаваат дека ваквите истражувања треба да поттикне да се преиспита одговорот на овој проблем. Наместо да заклучат дека нивните домови се осудени на пропаст и да се расселуваат по Австралија и Нов Зеланд, научниците велат дека тукашните жители треба да планираат тука долгорочно да останат.

Островот Тувалу е составен од 101 корален остров, од кои само 11 се населени. Два трајно населени острови се дом на повеќе од 600 жители.