Овој часовник “ја претвора” вашата рака во екран на допир

Паметниот часовник Луми буквално ја претвора вашата рака во екран на допир.

Станува збор за прототип кој е целосно функционален, а е развиен на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург.

“LumiWatch” користи модул за проекција и сензор за допир за корисникот да добие интерфејс чувствителен на допир на својата рака.

Доволно е да ја допрете кожата за да го користите уредот и неговите апликации.

Часовникот користи Android 5.1 оперативен систем и можно е поврзување преку Bluetooth и WiFi. Исто така, “LumiWatch” поседува 1,2 GHz Quad-core процесор, 768 MB RAM, 4 GB флеш меморија и литиум-јонска батерија од 740 mAh.

Димензиите на часовникот се 50x40x17 милиметри, а кога ќе се најде во продажба ќе чини околу 600 долари.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,235од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.