„VeinViewer“ користи инфрацрвена светлина за да создаде дигитална слика на васкуларниот систем на пациентот во реално време. Формалното објаснување на производот е уред за васкуларен пристап со слики, што им помага на лекарите во изнаоѓање оптимален влез во вените и избегнување на потенцијални компликации.
Компанијата изјави дека се очекува да се зголеми успехот на изнаоѓање на вените од „прва“ до 100% и да се намалат непотребните медицински PICC линии од страна за повеќе од 30%.
Земањето на крв од вена не влијае само на пациентот, често бара големи напори и од медицинските лица, особено ако вените на пациентот се тешко видливи.
Дополнително, од компанијата најавуваат „VeinViewer VISION2“, најнапредна верзија на „VeinViewer“ досега која ќе овозможи проценка од глава до пети на пациентот.
Друга предност е опсегот на прилагодување. „VISION2“ вклучува повеќе опции од било кој модел на „VeinViewer“. Медицинските лица може да ја сменат бојата, осветеленоста и големината на проектираната слика и да ја складираат во датотека. Предноста на сето ова прилагодување е дека лекарот може да избере кој начин на работа ја овозможува најдобра слика во моментот на крвните садови на пациентот.
Лекарите можат да ги видат крвните шеми до 15 мм длабочина и клинички релевантни вени до 10 мм. Тие може да ги видат периферните вени, чворовите и вентилите (валвули).