По огромниот интерес за Курсот по астрономија за деца минатата година, овојпат повторно Скопското Астрономско Друштво ќе се обиде да им ја приближи астрономијата на децата на возраст од 7 до 12 години. Идејата е да имаат неколку предавања, но и активности каде учесниците би можеле да видат разни небесни објекти низ телескопите кои ги има Друштвото.
Курсот ќе трае од 31-ви мај до 19-ти јуни.
За да се пријавите за Курсот по астрономија за деца, неопходно е да го пополните прашалникот на овој линк.
Цената на курсот е 1000 денари и во неа се вклучени: посета на Планетариумот, учество во интерактивни предавања, книга „Астрономија“ наменета за детска возраст и комплет материјали кои ќе се користат на работилниците. Предавањата ќе бидат поделени во две групи и ќе траат околу еден час. За распоредот на групите ќе бидете известени непосредно пред почетокот на курсот на сајтот на астрономија.мк.
Програмата на овогодинешниот курс по астрономија за деца е следна:
31.05: 19:00/20:00 ч. Планетариум и набљудување низ телескоп (доколку дозволат временските услови);
05.06: 18:00/19:00 ч., простории на ФЕИТ: „Прошетка низ Сончевиот Систем“;
07.06: 18:00/19:00 ч., простории на ФЕИТ: „Астрономски експерименти“;
12.06: 18:00/19:00 ч., простории на ФЕИТ: „Нашето место во Универзумот“;
14.06: 18:00/19:00 ч., простории на ФЕИТ: „Небото низ очите и низ најмоќните телескопи“;
19.06: 19:00 ч., простории на ФЕИТ: Доделување на дипломи, презентација на ракетно моделарство и изложба на цртежи.
Важно:
*Бројот на посетители е ограничен. По пријавувањето, ќе добиете потврда за учество преку мејл, каде ќе бидете известени за начинот на плаќање за курсот.
*Распоредот на активностите е подложен на промени, за кои ќе бидете навремено известени.
*На курсот можат да учествуваат само деца со наполнети 7 години. Останатите – Ве очекуваме некоја следна година!