Израелците ќе добијат милион долари ако успешно спуштат сонда на Месечината

Израелската приватно финансирана сонда Beersheet е на пат кон Месечината. Пред месец и половина, ракетата на SpaceX ја лансираше оваа сонда, која во орбитата на Земјиниот природен сателит би пристигnala во текот на оваа недела, и на неjзе да слета на 11. април.

Во случај ова да успее, ќе биде тоа прво успешно слетување на вселенскиот ландер на Месечината, а тоа многу ќе значи и за Израел. Оваа држава, после САД, Русија и Кина ќе стане четврта нација која го посетила ова небеско тело.

Во случај компанијата SpaceIL во следните денови успешно да ја спушти својата сонда на планираното место, ќе биде и непланирано богато наградена

Имено, оваа компанија се натпреваруваше во склоп на натпреварот Lunar XPRIZE, кој го финансираше и Google, а кој и ветуваше 20 милиони долари на екипата која ќе испрати летало на Месечината. Бидејќи тоа на никому не му успеа до март минатата година, натпреварот тогаш беше згаснат.

Упорни се Израелците. Тие сепак ја продолжија работата на проектот – и за тоа, од организацијата XPRIZE одлучиле да ги наградат.

Доколку им успее слетувањето, ќе ја добијат Moonshot Award наградата од милион долари, за прикажување на револуционерна технологија, дури и надвор од временските рамки на натпреварот.

“Мисијата на SpaceIL претставува демократизација на истражувањето на Вселената”, порачуваат од XPRIZE, објавувајќи ја својата одлука за доделување на награда.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.