Универзални обрасци го објаснуваат глобалниот пад на наталитетот

Анализа на демографски податоци од последните 200 години, опфатени 237 држави и територии, открива два универзални обрасци што го поврзуваат наталитетот со очекуваниот животен век.

Истражувањето на Кенџи Итао од Центарот за мозочни науки „RIKEN“ покажува дека демографската транзиција, и покрај големите културни и економски разлики, следи математички препознатливи правила.

Во првата фаза, карактеристична за голем дел од Европа до околу 1950 година, смртноста кај децата била висока, а семејствата имале повеќе деца. Подобрувањето на животниот век постепено го намалувало наталитетот, но растот на населението останувал релативно стабилен.

Во втората фаза, која започнала во многу европски земји по 1950 година, наталитетот продолжил да опаѓа и покрај подолгиот животен век. Според моделот, некои земји во развој преминуваат директно во оваа фаза, без целосно да ја поминат претходната.

Клучот за промената е начинот на кој семејствата ги распределуваат ресурсите. Кога преживувањето е неизвесно, поголемиот број деца може да биде поефикасна стратегија. Но, со подобрувањето на здравството и зголемувањето на економските можности, станува поисплатливо да се вложува повеќе во образованието и вештините на секое дете.

Теоретскиот модел ги издвојува намалените трошоци за образование и поголемата социјална мобилност како фактори што ја забрзуваат оваа транзиција. Резултатите истовремено нудат можно објаснување за долготрајно нискиот наталитет во развиените земји.

Авторот смета дека падот на наталитетот не треба да се гледа како неизбежна последица на модернизацијата. Политиките што го намалуваат финансискиот товар на одгледувањето и образованието на децата би можеле да помогнат во одржување или постепено зголемување на стапките на раѓање, без намалување на образовните стандарди.

Студијата е објавена во списанието Evolutionary Human Sciences.


НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.