Ајкулите кои немаат јазик ја голтаат храната со помош на рамената

Постојат ајкули кои немаат јазик, па затоа бидејќи мораат да се хранат, ги користат рамената.

Можеби ние не размислуваме премногу за јазикот, но овој цврст мускулен орган се користи за разни работи, а не само за голтање на храната, која е негова можеби и најважна функција. Сега, да размислиме малку на оние животни кои немаат јазик, а сепак треба да се хранат за да останат живи. Бамбу ајкулите се едни од тие видови, ајкулите кои го цицаат пленот кога ќе го уловат, бидејќи немаат јазик.

Ајкулите кои немаат јазик се хранат мавтајќи со своите рамена, се вели во неодамна објавената студија во списанието Proceedings of the Royal Society B. Научниците ги донеле своите заклучоци набљудувајќи три ајкули од видот Chiloscyllum plagiosum со помош на ЦТ скенови и икс зраци со висока резолуција кои овозможуваат да се видат коските и мускулите во телото.

Додека ги набљудувале ајкулите како голтаат парчиња лигњи и харинги, научниците заклучиле дека рамениот обрач додека се враќа наназад, помага за храната да се лизне во грло. Интересно е тоа што откриле дека ова не се случува кога устата е најшироко отворена, како што било очекувано, туку после тоа прават присилно лизгање низ грлото па голтаат.

Рамениот обрач на ајкулите однадвор е невидлив, а ‘рскавицата е во облик на буквата U, сместена е под главата и за неа се држат мускулите. “Повлекувањето на рамениот обрач наназад ајкулите го создаваат за да се потисне храната до дигестивниот тракт”, вели Ариел Камп, ко-автор на студијата од Универзитетот Браун.

”Рамениот обрач се појавува во фосилните записи, отприлика во времето кога се развивала вилицата. Не сме сигурно целосно од која структура тој еволуирал и како точно тоа се случило”, објаснува таа.

Поддржете ја нашата работа: