Во изминатите 60 години направени се скоро 5.000 лансирања ракети, сателити и други летала, што резултираше со огромна акумулација на отпад во орбитата на нашата планета.
Oд тоа само исклучително мал дел претставуваат функционални летала, додека остатокот – околу 94 проценти се предмети кои не служат за ништо.
Околу 64 проценти од предметите што рутински се следат претствуваат делови откинати од стелитите или телата на ракетите. Има најмалку 750.000 фрагменти од вселенски отпад со големина на метална паричка што лебдат над Земјата, а милиони што се дури и помали. Со типична брзина на ударот од 40.000 км/ч, овој материјал би можел да предизвика катстрофални штети на технологијата и астронаутите во вселената.
Свесна за овој проблем, Европската вселенска агенција (ЕСА) објави видео во кое се наведуваат опасностите од вселенскиот отпад.
„Ова не може да се споредува со истрел од пиштол. Енергијата што ја поседува честичка со големина од еден сантиметар што би погодила сателит со таа брзина е слична како експлзија од граната“—вели Холџер Крег од ЕСА.
Тој додава и дека при тие судири се создаваат нови фрагменти кои се потенцијални кандидат за предизвикување на нови судири.
Бројни експерти ќе се состанат идната недела во Гермнија да расправаат за тактиките како да се избегне вселенскиот отпад, како и за нови концепти за негово отстранување.
Научниците најмногу стравуваат дека ќе се соочат о каскадни случувања, каде еден судир ќе предивика низа од судири, нешто слични како што може да се види во филмот „Гравитација“. Но, додека во филмот тоа претставува моментално случување, во реалноста целата низа на случувања би траела многу подолго.
„Тоа би се одвивало споро, едвај забележливи, но незапирливо. Со текот на децениите, бројот на судирите би можел да се зголемува и без влијание на човекот. Ваквата ситуација би можела да доведе до тоа некои региони во вселената да не можат да се користат за вселенски летови, а тоа би било катастрофа“– истакнува Крег.