Американска компанија на своите вработени ќе им вградува чипови

Една американска технолошка фирма на своте вработени ќе започне да им вградува микрочипови.

Компанијата  „Three Square Market (32M)“ од Винсконсин соопштила дека 50 нејзини вработени доброволно се согласиле од август да им бидат вградени микрочипови.

Микрочипот, кој е со големина на зрно од ориз користи радиофрекфенциска идентификција (RFID) и ќе им биде имплантиран на раката помеѓу палецот и показалецот.

Image result for Ruhollah Khomeini's residency

Микрочипот чини 300 долари, а трошоците ќе ги покрие компанијата.

Како што вели извршниот директор на компанијата Тед Вестби, оваа технологија ќе се користи за купување во фирмата, за отворање врати, за користење на апарататите за копирање, за логирање на компјутерите во канцелариите, отклучување на телефоните, делење на визит-карти и чување на информации за здравствената состојба на вработените.

Што се однесува до безбедноста и дали врботените треба да стравуваат дека компанијата може да го следи нивното движење, Вестби вели дека чипот нема GPS компонента и дека е заштитен од хакирање.

Податоците се сигурни и криптирани, вели Вестби. За да докаже дека технологијата е сигурна, извршниот директор истакнува дека покрај него микрочипови ќе добијат и неговата сопруга и децата идната недела.

Доколку вработените подоцна се премислат, ќе можат да го извадат чипот.

 

 

Поддржете ја нашата работа: