За прв пат, научниците складирале светлосна информација базирана на светлина како звучни бранови на компјутерски чип – нешто кое што научниците го споредуваат со складирање на молњата како гром.
И додека сето ова може да звучи малку чудно, оваа конверзија е критична доколку некогаш сакаме да се префрлиме од денешните неефикасни електронски компјутери, на компјутери базирани на светлина кои податоците ги пренесуваат со брзина на светлината.
Компјутерите базирани на светлина, т.н. фотонски компјутери, имаат потенцијал да бидат најмалку 20 пати побрзи од нашите лаптопи, без да создадат топлина или потрошат енергија како сегашните уреди. Ова е така, затоа што теоретски ќе ги процесираат податоците во форма на фотони наместо електрони.
Кодирањето на информацијата во фотони е лесна – тоа веќе го правиме кога ја испраќаме преку оптички кабли, но пронаоѓањето на начин за компјутерскиот чип да ги прими и процесира информациите складирани во фотоните е тешко, бидејќи тие се премногу брзи за да ги прочитаат постоечките микрочипови.
Ова е причината поради која информацијата базирана на светлина од интернет каблите се конвертира во бавни електрони, а подобра алтернатива би била да се забави светлината и да се претвори во звук.
Токму тоа е она што го направиле истражувачи од универзитетот во Сиднеј, Австралија.
„Информацијата во нашиот чип во акустичен облик се пренесува со брзина пет степени побрза од онаа во оптичкиот домен. Тоа е како разлика помеѓу молњата и громот“, вели Бриџит Стилер, супервизор на проектот.
Тоа значи дека компјутерите би можеле да ги имаат сите бенефиции на податоците испорачани со светлина – огромни брзини, без топлина која предизвикува електричен отпор и без пречки предизвикани од електромагнетната радијација.
„Со цел ваквите компјутери да се направат комерцијална реалност, фотонските податоци на чипот мораат да бидат забавени за да бидат обработени, пренасочени, складирани и достапни“, вели Мориц Мерклин, еден од истражувачите.
Тимот тоа успеал да го направи со развивање на мемориски систем кој прави прецизен трансфер помеѓу светлината и звучните бранови на фотонски микрочип – кој би се користел во компјутерите базирани на светлина.
Еве како тоа конкретно функционира: