Направен имплант кој ги убива туморските клетки со помош на светлина

Јапонски научници дизајнирале имплант кој може да се вгради директно во телото и така да помоне при уништувањето на голем број туморски клетки. И тоа со помош на светлина.

Фотодинамичната терапија не е ништо ново. Таа денес веќе се користи при лекување на поедини видови тумори, а се темели на употреба на одредени бои т.е. светлина со цел да се влијае на клетките. Лекарите така емитираат светлина со висок интензитет и некои бои на зафатеното ткиво така го уништуваат.

Меѓутоа, до проблемот може да се дојде доколку туморот се наоѓа на органот кој се придвижува, на пример хранопроводот или белите дробови, бидејќи тогаш може да дојде до нерамномерно осветлување или тешко контролирање на дозата. Ако дозата е премала, третманот нема да даде резултати, а ако е превисока може да го оштети и здравото ткиво. Затоа на сцена доаѓа имплант кој претставува посовршена верзија на таквиот принцип.

Toshinori Fujie од Универзитетот Васеда во Јапонија разви уред со неговите колеги кои работат на истите принципи, но кои можат да бидат вградени во телото. Уредот се состои од LED чип напојуван од NFC (технологија која обично се користи за бесконтактни плаќања), така што нема потреба да се вклучат батериите во телото.

Кога тимот на научници го инсталирал уредот под кожата на тест-глушецот (во кој биле инјектирани туморски клетки), на местото го држеле лепливи нано-плочки. На овој начин можеле да го зрачат телото и до 10 дена, користејќи светлина со 100 пати помал интензитет отколку што вообичаено се користи во фотодинамична терапија.

Лабораториските глувци исто така добивале лек кој ги прилагодувал нивните клетки на светлина, а потоа примале терапија со црвено или зелено светло. Растот на тубор е значително намален кај глувците кои примале терапија со црвена светлина, а уште поголем ефект имала терапијата со зелено светло.

Fujie тврди дека наведениот уред би можел да биде особено корисен при лекување на тумор на осетливи органи како што се мозокот, панкреасот каде хируршките зафати се многу ризични.

Студијата е објавена во списанието Nature.

Поддржете ја нашата работа: