Парализирани мајмуни одат нормално со помош на безжични импланти (Видео)

Парализата некогаш се сметаше за трајна состојба, обележана со прекинати сигнали помеѓу мозокот и ‘рбетниот мозок кои никогаш не може да се повратат.

Но, во последниве неколку години, со подобреното разбирање на нервниот систем, научниците сметаат дека оваа состојба може да се измени.

Сега, тие направија уште еден чекор напред:  Нов, мал, безжичен уред вграден во еден претходно парализиран мајмун кој му овозможи повторно да ја врати контролата на претходно парализираните делови од неговите нозе, овозможувајќи му повторно да оди.

Овој успех преставува уште еден чекор понапред на патот кон создавање на слични уреди и за луѓето.

Кога еден човек е парализиран, поголемиот дел (но не сите) од невроните кои им даваат сигнал на мускулите да се движат, се нефункционални. Ова го спречува мозокот да испрати сигнали до одредени мускулни групи за да им каже да почнат да се движат. Но, доколку телото има начин да ги зајакне неколкуте здрави неврони, тие може да бидат способни сами да го изведат движењето и да ја повратат способноста за движење.

Во ова истражување, научниците вградиле мал безжичен уред во мозокот на два мајмуни, кои биле намерно парализирани, односно на секој од нив му била парализирана по една задна нога.

methode-times-prod-web-bin-071f910e-a6a1-11e6-b67a-719634415da0

Уредот ги снимал електричните сигнали од моторниот кортекс на мозокот, кој го контролира движењето, и ги испраќал на компјутер. Потоа, компјутерот ги преведувал овие сигнали на јазик кој електродите, кои се поврзани со група на неврони во ‘рбетниот мозок, можат да го разберат. Нивната работа оваа недела беше објавена во списанието „Nature“.

Како што може и да погледнете подолу во видеото, мајмуните биле во можност да ги движат парализираните нозе заедно со останатите како што оделе, и за разлика од останататите технологии каде лицето (или во случајов мајмун) треба да биде поврзано на некој начин со компјутерот, оваа нова технологија е комплетно безжична. Мајмуните носат ранец кој ги толкува и праќа сигналите на мозокот.

Овој успех е само еден од неколкуте постигнувања во последните неколку години бидејќи научниците почнуваат подобро да разбираат како електричните сигнали во мозокот овозможуваат движење.

Сепак, ова е само еден успешен доказ за концептуален експеримент, а работата за создавање на мозочен комјутер погоден за луѓето е далеку од завршена.

https://www.youtube.com/watch?v=G-EFZs0CHtI

Поддржете ја нашата работа: