Американски инсект и се заканува на Европа

Група истражувачи од Шпанија неодамна открија нов вид на лисна вошка на европскиот континент, во провинциите Тарагона и Жирона во Шпанија. Оваа вошка што се нарекува „Sipha flava“ води потекло од Северна Америка, но успеала да се прошири и во Централна и Јужна Америка. Во овие региони е позната и како вошка на жолтата шеќерна трска и е познат штетник на посевите од кои се храни и преносител на вируси кои значително ги намалуваат приносите.

Истражувачите ја земаат предвид можноста дека овој вид стигнал на територијата на континентална Европа преку јужниот дел на Пиринејскиот полуостров, како резултат на експанзијата на посевите со шеќерна трска во Северна Африка.

Овие посеви не се многу застапени на европскиот континент, па не се очекува  „Sipha flava“ да биде закана за шеќерната трска во овој регион. Сепак, познато е дека се храни и со неколку  видови од истата фамилија, во овој случај треви, но не е познато во која мерка оваа вошка може да претставува закана за посевите во Европа, како што се оризот и пченката, објаснуваат истражувачите. Затоа е неопходно да се направи мапа на овие видови во Европа за да се оцени потенцијлната штета што може да ја предизвикаат за  да се преземат мерки на претпазливост.

Покрај новиот вид откриен на европскиот континент, истражувачите откриле и прв случај на вошка во Евроазија и северна Африка кој се храни со растенија од родот „Hyparrhenia“ (исто така од фамилијата треви). Откриле и докази дека оваа вошка  ја придружуваат мравки – мравките и вошките имаат воспоставено меѓусебен однос каде мравката и обезбедува заштита во замена за медената роса што ја излачува вошката.

Ова откритие, велат истражувачите ја нагласува зголемената закана од инвазивни видови кои се шират како последица на глобализацијата, што може да доведе не само до проблеми во земјоделството, туку претставува и втор фактор за губиток на биодиверзитетите веднаш по губитокот на природните живеалишта. Пораката за опасност е јасно видлива заклучуваат истражувачите.

Извештајот може да го прочитате тука.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt