Од 4,6 Европејци кои учествувале во јавните консултации, дури 84% од нив го поддржуваат укинувањето на летно и зимско сметање на времето – соопшти Европската комисија.
Од 4 јули до 16 август, Европската комисија организирала интернет консултации за можна промена на сметањето на времето во Европа. Одговорите од 4,6 милиони Европејци од 28 земји членки на Унијата, говорат дека ваквото сметање треба да се укине.
“Милиони Европејци ги искористија нашите интернет консултации за да го изразат својот став. Пораката е јасна: 84% од нив не сакаат повеќе да се поместува стрелката на часовникот. Сега ќе постапиме во согласност со тоа и ќе припремиме законски предлог кој ќе го доставиме во Европскиот парламент и советот, на кои ќе остане да донесат одлука”, вели комесарот Виолета Булц.
Резултатите од досега најголемите јавни консултации кои ги организира Европската комисија говорат дека 76% од учесниците сметаат дека промената на стрелката на часовникот два пати годишно е многу негативно искуство.
Како најважни причини за промена на досегашниот систем во Европа се наведени негативните влијанија врз здравјето и намалената енергија.
Целосните резултати од јавните консултации ќе бидат претставени во наредните неколку недели.
Во Европската комисија најавуваат изработка на предлог, наменет за Европскиот парламент и советот, а цел та е промена на постоечкиот систем за менување на стрелките на часовникот.