Дрвото кое расте на карпите во Јужна Италија е старо 1.230 години, што го прави најстарото дрво во Европа, покажуваат научните истражувања. Изненадува тоа што древниот бор и покрај неговата старост понатаму живее. Испитувањата покажуваат дека стеблото пораснало во последнава деценија, додека многу дрвја во медитеранскиот регион доживуваат пад.
Откритието покажува дека одредени стебла можат да преживеат со векови, дури и под екстремни климатски услови. Овој антички бор, на пример, растел и во текот на студениот среден век и продолжил да расте на многу потопли температури, вклучувајќи ги и сушните периоди.
“Анализирањето на растот на стеблата низ годините и промените на климатските услови ќе им помогне на научниците подобро да разберат како шумите можат да одговорат на модерните климатски промени”, велат научниците.
“Со проучување на премногу старите стебла ќе можеме подобро да го предвидиме влијанието на климатските промени врз шумските екосистеми” – вели Максим Каилерет од швајцарскиот сојузен Институт за истражување на шуми, снег и пејзаж што ја проучува смртноста на дрвјата.
Џанлук Пиовесан од Универзитетот во Тусија и неговите колеги стигнале до борот високо во планините на националниот парк Полино. Дрвото изгледало доста старо и тие сфатиле дека откривањето на неговата возраст нема да биде толку лесно како штое со вообичаеното броење на прстените. Недостигал централниот дел на дрвото што го содржел најстариот прстен.
Внатрешноста на дрвото била како полнење со прашина. Недостигале најмалку 20 сантиметри од внатрешноста на стеблото, а тоа е многу години. Коренот на стеблото бил во подобра состојба, па староста се одредувала со користење на нов метод што комбинирал неколку постојни техники.
“Староста на борот е импресивна кога споредуваме со човечкиот животен век”, вели Оливер Контерформ од Универзитетот во Мајнц, кој открил бор стар 1.075 години во Северна Грција, досега најстарото стебло во Европа. Шумите биле експлоатирани од страна на човекот, земјата се претворала во обработливо земјиште за земјоделие, а градовите растеле.
Оддалечените области како оваа ги зачувале древните борови поради тешката и карпеста пристапност на теренот. Иако овој национален парк е дом на илјадници борови од видот хелдреј, повеќето од нив се 500 до 600 години стари. Само три би можеле да се стари над илјада години.
Ниту неодамнешното глобално затоплување не им наштетило на овие дрвја. Делови од листопадните шуми во оваа област исчезнале поради сушата, но стариот бор напредувал. Причината за растот е сложена. Високите планини имаат сопствена микроклима и температурите се уште пониски.
Помала е и загаденоста на воздухот поради строгите европски закони. Единствената биологија на стеблата можеби му помогнала на борот да преживее. За разлика од животните, кај дрвјата стареењето не е важно и тие практично се бесмртни. На пример, некои дрва кои растат во сочувани шуми во САД се стари илјадници години.
Четинарите што бавно растат живеат најдолго, делумно поради тоа што поголемиот дел од животниот век се помалку подложни на екстремни врнежи и суши. Старите дрвја најчесто умираат поради силниот ветер. Покрај тоа, стеблото се смета за живо и кога мали делови од стеблото живеат. Кај ова дрво, поголемиот дел од крошните умреле, но стеблото потенцијално може да го продолжи животниот век во овој облик уште со векови.