Амстердам, градот во кој никогаш нема да ви биде здодевно

За каналите, лалињата и ветерниците во Амстердам, знае цел свет, но холандската престолнина е прочуена и по многубројните музеи, галерии и други културни знаменитости.

Од музеите во Амстердам, можеме да ги издвоиме Ријкс, Ван Гог, Стеделијк, Ван Лон, Тропен, Кромхутиус… Доколку пак, сте за нешто поекстремно, посетете го Музејот на тортурата. Во него се изложени уникатни справи за измачување кои до пред некој век биле во употреба низ Европа. Над 40 експонати, од времето на шпанската Инквизиција до француската Револуција, ќе ги шокираат посетителите.

Музејот Рејпенаер, односно музејот на сирењето, го претставува процесот на производство на сирење, а нуди и едночасовно дегустирање на разни сирења и соодветни вина. Музејот Микропија, пак, е посветен на невидливите микроорганизмни кои живеат на човечкото тело.

Кога и да го посетите, во Амстердам никогаш нема да Ви биде здодевно, без обѕир дали сте „традиционален човек“, или пак, сакате да искусите по некоја авантура и нови доживувања.

enauka.mk
9,273наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,151денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.