Испечатен првиот 3Д мост

Ние и претходно веќе слушнавме дека холандската компанија MX3D планира да направи пешачки челичен мост преку каналот во Амстердам. Мостот е завршен, а останува само конечно да се постави преку каналот.

Холандската компанија за изградба на овој единствен 3Д печатен челичен мост користела 4 роботи, 4,5 тони челик и околу 1.100 километри жица за да се направи оваа необична структура.

Самиот мост е долг 12,5 метри, широк 6,3 метри, а висок околу 2 метри, направен од нов вид челик. За негово печатење биле потребни 6 месеци. Во него се вградени 4.500 килограми нерѓосувачки челик.

Проектот за овој прв метален 3Д мост, е финансиран од страна на градот Амстердам, а во изградбата освен MX3D компанијата учествувале и британската инженерска компанија Arup, и експерти од Imperial Collegea во Лондон. MX3D планира да ја искористи технологијата и знаењето за изградба на нови мостови и за комерцијализација на 3Д печатењето на метали во други индустрии каде се неопходни метални делови со сложен облик и структура.

Наскоро во Амстердам ќе биде тестиран овој мост. Доколку помине се како што треба, во 2019 година ќе биде поставен  над каналот Аудезејдс Ахтебургвал во Амстердам.

 

enauka.mk
9,242наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.