На прв поглед овие топки оставаат впечаток дека се топчиња за голф, но тоа не е точно. Тие се станбени куќи и се ремек-дело на уметникот и вајар Дриес Креикамп. Тие се наоѓаат во Холандија на околу еден час од градот Амстердам.
На број ги има 15, а изградени се со поддршка и помош од холандската влада. Во нив се живее како и во секоја друга куќа. Како материјал за изведба употребен е бетон и имата по три ката.
На првиот се наоѓа спалната соба, на вториот се бањите и на последниот трет кат се наоѓа дневната за на сопствениците да им понуди најдобар поглед во далечината.
Поддржете ја нашата работа: