Антички град на Јемен ги чува најстарите облакодери на светот

“Менхетн од Блискиот Исток”, “Пустинскиот Чикаго” и “градот со најстарите облакодери во светот” се имиња за Јеменскиот Шибам, единствениот град во светот, кој може да се пофали со облакодери стари дури 500 години.

Градот е сместен на самото дно на Арапскиот полуостров, а во него живеат околу 7000 жители. Уште во 16 век, од тули се изградени петстотини облакодери. Се сметаат за неверојатен подвиг за тоа време, а претставуваат едни од најстарите примероци на урбанизмот и планираната изградба.

Во стар Шибам, сообраќај не постои, поради изразено тесните улици. Во 19 век, поголем дел од облакодерите е обновен, но иденес на многумина им се заканува рушење и корозија. Точно поради тоа, градот се наоѓа под заштита на УНЕСКО.

Поддржете ја нашата работа: