ХИВ позитивните веќе нема да ги заразуваат своите партнери благодарение на успешна терапија

Една повеќегодишна студија потврдува дека мажите кои биле заразени со ХИВ вирусот, а земале терапија, не ги заразиле своите партнери. Успешноста во лекувањето на таа терапија тогаш би значела дека вирусот би престанал да се шири кога сите заразени би го земале лекот.

Станува збор за 1000 заразени мажи ширум Европа од кои само еден бил заразен со вирусот и земал терапија. Не е забележан ниту еден случај дека ХИВ вирусот бил пренесен на незаразен партнер при однос без презерватив.

Сепак во текот на 8-годишното истражување се заразени 15 лица, но со тестови е дкажано дека се заразени од некој кој не земал терапија.

“Ова е фантастично. Накратко, овој лек го тера вирусот на спиење”, порача проф. Алисон Роџерс од Универзитетскиот колеџ во Лондон. Таа била и ко-автор на студијата која е објавена во списанието Lancet. Претходните студии веќе покажале дека терапијата ги штити и хетеросексуалните парови од кои еден е заразен со ХИВ.

Поддржете ја нашата работа: