Се гради облакодер во мал град во Данска

Додека локалната компанија не најавила дека ќе изгради облакодер, висок 320 метри на сред руралното место Јутланд, поголемиот дел од населението на Данска не ни знаеле каде се наоѓа Бранде, мал град од 7.000 жители.

Bestseller кулата (моден гигант), ја дизајнира студио Dorte Mandrup, и нема да биде само највисоката зграда во Данска, туку најголемата во западна Европа, ќе ја надмине висината на зградата Shard во Лондон за цели 10,4 метри.

“Тоа ќе биде зграда која ќе го стави Бранде на картата на светот”, вели Андерс Крог Вогруп, шеф за изградба, откако локалниот одбор дал одобрение за проектот.

Гигантот Bestseller, е во сопственост на Андерс Холч Повлсен, најбогатиот човек во Данска кој исто така е сопственик на брендовите Vero Modo и Jack & Jones.

“Повеќе од 30 години сме среќни што Бранде е наш дом и ние сме дел од заедницата”, вели Крог Вогдруп при најавата на кулата.

Сепак тој нема да биде првиот рурален облакодер. Во 1991 година во Јапонија на сред поле е поставен Sky Tower 41. Но, во Јутланд теренот е рамен, така што облакодерот ќе се гледа од 60 километри далечина.

“Во ова место тешко дека ќе сретнете некој кој мисли дека градењето згради е лоша идеја. Напротив сите мислат дека е одлична. Исто и јас”, вели новинарот Мортен Дикман.

Поддржете ја нашата работа: