После победата на Г.Доналд Трамп повторно се актуелизира темата за можноста голем дел од американските компании да го вратат производството назад во САД.
Според пишувањето на The Nikkei Reporta „Apple“ и пристапил сериозно на работата и ги задолжил неговите партнерски компании „Foxconn“ и „Pegatron“ да ги разгледаат аспектите за евентуално вакво селење на производството.
Според The Nikkei Reporta „Foxconn“ би можел некако да се сложи за ваков потег додека за „Pegatron“ тоа би значело двојно поскапо производство и ваквата одлука не доаѓа во предвид.
Сега за сега за „Apple“ очигледно е дека нема финансиски резон за било какво преместување на производството .
Меѓутоа не се знае каков потег може да повлече новата администрација на Трамп, при што се стравува од евентуални царини и даноци на Америчките компании кои произведуваат во Кина а ги пласираат производите на Американскиот пазар.