Учителка од Кина сама се инјектирала со овошен сок и одвај преживеала

Педесет и едногодишна учителка од Хенжу, во кинеската провинција Хунан, била опседната со народната медицина. Токму тоа и ја натерало на 22 февруари самата да си стави инфузија направена од свежо исцедено овошје.

“Мислев дека свежото овошје е нутритивно, никогаш не очекував дека може да ми се случи ова”, признала Зенг за локалните медиуми.

Зенг изблендирала 20 овошја и го исцедила миксот. Заминала на доктор, преправајќи се дека има грип и побарала да ѝстават инфузија. Кога останала сама, ја сменила кесичката.

Следните неколку дена страдала од висока температура и треска, но не сакала да признае дека е болна, сè додека нејзиниот сопруг не ја одвел во болница. Таму останала 5 дена на интензивна нега, со тешки компликации и системска инфекција.

Нејзиниот доктор открил дека таа имала тешка инфекција на крвта и оштетувања на црниот дроб, едниот бубрег и срцето, но успеале да спречат целосно откажување на органите или сепса.

 

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.