Астрономи открија супернова стара 10,5 милијарди години

Picture saved with settings applied.

Астрономите во вторникот објавија дека откриле голема космичка експлозија на ѕвезда што умира стара 10,5 милијарди години, а станува збор за најдалечната од сите досега откриени супернови.

“DES16C2nm (името кое го добила оваа супернова) е исклучително оддалечена, екстремно сјајна и многу ретка, а тоа не е нешто на кое астрономите можат да налетаат секој ден”, објаснува Метју Смит, автор на студијата во соопштението, објавено од страна на Британскиот Универзитет во Саутемптон.

Појавата се случила кога масивната ѕвезда од доста оддалечена галаксија “умрела” од катаклизмична експлозија позната под името супернова.

Смртта на ѕвездите ги следи појавите кои се доста експлозивни бидејќи материјата која ги создава ѕвездите е исфрлена со брзини од неколку илјади километри во секунда.

Поради неверојатната количина на ослободена енергија, таа појава сјае како 200 милиони сонца и може да се види од Земјата.

Светлината емитирана со оваа појава ја достигна нашата планета 10,5 милијарди години откако се случила и за првпат е откриена во август 2016 година. Нејзината оддалеченост и екстремна сјајност потврди три различни телескопи во октомври 2017 година.

Меѓународниот тим на астрономи под водство на Универзитетот во Саутемптон, изработил студија која беше објавена во вторникот во списанието Astrophysical Journal и ја рангира оваа ѕвезда за една од најсјајните супернови, кои се всушност и најретки.

“Освен што ова откритие е доста возбудливо, екстремната оддалеченост на суперновата наречена DES16C2nm, нам ни дава единствен увид во природата на супер-сјајните супернови”– вели Метју Смит.

“Ултравиолетовата светлина емитирана од оваа супертернова нè учи за количеството на метал произведен од експлозија и за температурата на самата експлозија, а овие две информации се од суштинско значење за разбирање на настанокот на овие космички експлозии”, додава Смит.

Поддржете ја нашата работа: