Аурора над Конкордија


Цели 9 месеци до станицата не може да стигне ниту авион ниту возило, температурата паѓа до –80°C, а сонцето не изгрева над хоризонтот во период од 100 дена.

Животот и работата во овие услови, во многу аспекти се слични на животот на друга планета. Првите астронаути кои ќе слетаат на друга планета може да видат слична глетка која го осветлува небото.


Поларната светлина – аурора бореалис (северна) и аурора аустралис (јужна) се појавуваат кога радијацијата од Сонцето се поврзува со атмосферата и речиси сите планети во сончевиот систем имаат некаков вид на поларна светлина.

Оваа глетка беше вистинско освежување за француските и италијанските научници кои се наоѓаат таму, заедно со докторот спонзориран од Европската вселенска агенција кој треба да изврши разни истражувања како подготовска за идните вселенски мисии.

Поддржете ја нашата работа: