Благодарение на група астрономи-аматери, откриен е нов атмосферски феномен и тоа со помош на фотографии објавени на Фејсбук.
Оваа восхитувачка појава прв пат била документирана од страна фејсбук групата „Alberta Aurora Chasers“ минатата година. Групата ја сочинуваат аматери заинтересирани за поларната светлина кои разменуваат фотографии од овој феномен.
Бидејќи во вакви случаи лицата кои ја откриле појавата имаат право да ја именуваат, тие овој феномен го нарекле Стив (Steve)
Како што е наведено на блогот „Aurorasaurus“, Стив претставува лак со ширина од 25 до 30 километри, кој се протега стотици, колометри. Може да трае неколку часа, а се јавува сезонски-исчезнува во периодот од октомври до февруари. Емитува светлина главно во виолетова боја, а често е приружена и со зелени структури кои се краткотрајни. Во почетокот овие научници – аматери сметале дека се работи за некој вид на протонски лак, но протонските аурори не се видливи со голо око, така што се работи за нешто друго.
Активностите на оваа група го привлекла влијанието на НАСА, Европската вселенска агенција и Универзитетот во Калгари, кои сега се обидуваат да откријат за што точно се работи.
Професорот Ерик Донован од Универзитетот во Калгари со помош на податоците добиени од сателитите на Сворм мисијата на Европската вселенска агенција, започнал проучување на оваа необична појава.Сворм кристи три сателити со висока прецизност и висока резолуција за мерење на силата, насоката и промените на земјиното магнетно поле кои се одговорни за поттикнување на аурорите.
Додека еден од сателитите поминувал низ еден од овие виолетови траги, податоците кои ги испраќаат инструментите се промениле, вели Донован и додава дека се работи за трага од врел гас.
„Температурата на 300 километри над површината на Земјата пораснала на 3.000 степени Целзиусови, а податоците откриле 25 километри долга „лента од гас“- вели тој. Спред Донован овој феномен е веројатно вообичаен, но досега не бил документиран.
Научниците истакнуваат дека има уште многу работи кои треба да се откријат за оваа појава, бидејќи не се работи за аурора, туку за посебен атмосферски феномен.
На видеото подолу може да видите како изгеда Стив.