Флуидноста на воздухот која го овозможува летот на авионите исто така создава и некоја влечна сила, триење и отпор како што авионот лета низ воздухот. Затоа сега научниците експериментираат со плазма, како алатка за да манипулираат со воздухот околу крилјата на авионот, за да го намалат отпорот и трошоците.
Како што Стив Ашли изјавува за „PBS Nova Next“:
„Доколку на крилјата на авионите се постават мали активатори од плазма, ќе се овозможи авионите да летаат побезбедно, поефикасно и со поголема стабилност и контрола. Тие може да го забрзаат, абават или пренасочат протокот на воздух на начин кој може да го намали отпорот, потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 дури до 25%, според експертите. Некои експерти дури веруваат дека овие уреди еден ден може да ги заменат конвенционалните површини за контрола на летањето, како што се клапите.
Научниците се обидуваат да ја применат истата технологија и на ветерниците за да ја подобрат нивната ефикасност и траење.
Вака би изгледало сето тоа:
https://www.youtube.com/watch?v=mVJjn1pt08g