Б витамини за полесно зачнување

Резултатите укажуваат на тоа дека Б витамините може да има заштитен ефект кој го намалува нивото на „ДДТ“ во нивните тела.  ДДТ е познат ендокрин дисруптор кој се’ уште се користи за истребување на комарците во многу земји каде маларијата останува сериозна грижа за јавното здравје. Иако многу земји ги забранија пестицидите,  ДДТ, сепак, може да остане во телото и животната средина со децении.

Претходните  истражувања покажаа дека високите нивоа на ДДТ во телото може да го зголемат ризикот од спонтан абортус. Ова истражување ни кажува дека подобрената исхрана може да ги неутрализира токсичните ефекти на ДДТ, преку подобро подготвување на телото да се справи со токсини од животната средина и стресорите.

Секој ден во период од  една година, научниците ја тестирале урината на жените во истражувањето, мерејќи го нивото на хормонотhCG“ кој сигнализира зачнување. Овој пристап им овозможил на истражувачите да утврдат дали жената е бремена, многу порано отколку што нормално може да се дознае. Тие исто така, утврдиле дали жените имале ран спонтан абортус ( пред шестата недели од бременоста).  Нивото на ДДТ и витаминот Б ги мереле во периодот пред зачнувањето.

Една третина од сите зачнувања завршуваат пред жените воопшто да сфатат дека се бремени. „Ова е многу ранлив период“.

Стандардна пренатална нега, ако воопшто ја има, во многу земји е додаток на фолна киселина, обично меѓу 8-та и 12-та недела од бременоста. Но, ретко се конзумира пред зачнувањето, што значи дека најверојатно е премногу доцна за да се спречи загубата на почетокот на бременоста.

Тешкотијата за зачнување е распространета и во развиените и во земјите во развој. Во САД, процентот на мажени жени на возраст меѓу 15 и 44 години кои имале тешкотии при забременувањето и одржувањето на бременоста  е зголемен од 8 проценти во 1982 година на 11,8 проценти во 2002 година.

Подобрата исхрана, вклучувајќи храна со витамини Б, во земјите каде што ДДТ се’ уште е во широка употреба може да ја ублажи штетата.

Здравствените работници треба да бидат сигурни дека жените добиваат соодветни витамини и минерали, вклучувајќи ги Б витамините, во нивната исхрана не само за време на бременоста, туку и пред зачнувањето. Во спротивно,  може лесно да се пропушти „критичниот прозорец“.

Поддржете ја нашата работа: