Бактерии ќе произведуваат нано-електроника

Пред 15 години научниците забележале дека геобактерија – вид на бактерија која обично ја има во почвата, создава протеински микро влакна кои и помагаат да расте на железни минерали и дека тие влакна создаваат електрична енергија – иако во мало количество.

За да ја зголемат спроводливоста на микро влакната, научниците создале нов вид на геобактерија во која вметнале триптофан – амино киселина позната по тоа што ги прави луѓето поспани. Триптофанот е добар како спроводник на електрони на нанометарско ниво.

Со додавање на триптофан, геобактеријата создала биовлакна со зголемен капацитет за спроводливост. Добиените влакна биле со 2.000 пати поголема спроводливост од микровлакната што геобактеријата природно ги создава, а исто така и два пати подебели. Со дијаметар од 1,5 нанометри, тие биле 60.000 пати потенки од човечкото влакно.

Обично, биле потребни токсични материи за да се синтетизираат овие наножици, но истражувачите истакнуваат дека процесот за содавање на биожиците е „зелен“ и дека самите жици не содржат токсични компоненти.

biowire2

„Потребни се нови форми на електронски материјали за да се одговори на зголемената побарувачка за изработка на мали и помоќни електрични уреди, на одржлив начин“, вели Дерек Лавли,  водачот на истражувањето.

Истражувачите велат дека доколку овие жици почнат масовно да се произведуваат, тие би можеле да послужат како жици, транзистори и кондензатори кои би можеле да најдат голема примена, вклучувајќи ги и биокомпатибилните сензори, компјутерските уреди и компонентите на соларните уреди.

Истражувањето е објавено во списанието „Small“.

Поддржете ја нашата работа: