Роган Браун е уметник од јужна Франција кој создал прекрасни хартиени скулптури на џиновски бактерии. Бактериите се направени по моделот на Е.коли и Салмонела и биле потребни 4 месеци за да се направат.
„Ги направив бактериите од ваков аспект за да ги направам визуелно импресивни, а можеби и малку застрашувачки“, изјави Браун за „Huffington Post“.
„Важно е да се напомене дека повеќето бактерии во човечкото тело се безопасни и му помагаат на телото да функционира на начини кои научниците дури сега почнуваат да ги разбираат“, вели Браун.
Делата на Браун ќе бидат изложени на новата изложба за бактерии во човечкото тело која ќе се одржи во мај во просториите на „Eden Project“, во Корнвол, Англија
Структурата на бактеријата заснована на Е.коли и Салмонела
Овие структури што наликуваат на пипци се „флагели“ кои и помагаат на бактеријата да се движи низ цревниот тракт. Структурите кои наликуваат на влакна се „пили“ кои им овозможуваат на бактериите да се закачат за цревниот ѕид.
Флагелите и пилите одблизу
Презентација на внатрешноста на бактеријата – ДНК