Вака изгледаат нашите емоции во замрзнати солзи

Проектот „Имагинариум на солзите“ е серија на микро фотографии кои ја покажуваат скриената убавина на солзите.

Според науката, солзите се поделени на три различни видови врз основа на нивното потекло – базични, рефлексни и емоционални. Базичните солзи се секогаш присутни во очите и служат за влажење, заштита и нега на окото. Рефлексните солзи ги штитат очите од иританси, како ветер, чад или кромид, додека емоционалните се продуцираат под дејство на емоциите.

На фотографиите не ја гледаме разликата според потеклото, туку според составот на солзите и околностите во кои се кристализирале, кои конкретно вклучуваат сецкање кромид, јадење лути пиперки и плачење поради тага или среќа.

Солзите често се гледаат како знак на слабост, но тие исто така можат да бидат и нешто убаво и токму тоа и го покажуваат овие фотографии.

Емоционални солзи, по емоционална реакција

2421

2421f

2421ff

Рефлексни солзи, по јадење на лута пиперка

2421f1

Рефлексни солзи, по сецкање кромид

2421f2

2421f3

2421f4

Поддржете ја нашата работа: