Бактерија што вдишува CO2 и продуцира енергија

Нова генетски модифицирана бактерија може да го одземе CO2 од воздухот и да го претвори во енергија.

Бактеријата е генетски модифицирана да може да го апсорбира водородот и јаглеродниот диоксид и да ги претвори во алкохолно гориво. Целта е да се постигне значително поголемо ниво на ефикасност што ќе ги надмине растенијата. Овој месец, истражувачите објавија дека бактеријата може исто така да ја преобразува сончевата светлина 10 пати поефикасно од растенијата.

„Во моментов создаваме изопропанол, изобутанол и изопентанол. Сите овие се алкохоли кои можат директно да согоруваат“- изјави водачот на истражувањето Даниел Г. Ноцера, на предавањето на Институот за енергетска политика во Чикаго

Бактеријата наречена „Ralston eutropha“ го зема водородот и CO2 и потоа го претвора во аденозин трифосфат(АТФ) преку вметнување на гени што му овозможуваат на АТФ да се претвори во алкохолно гориво.

Практичната примена на бактеријата која може да вдишува CO2 и да продуцира енергија е бесконечна.

Резултатите од истражувањето се очекуваат наскоро и како што објаснува Ноцера, ова не е решение за прекумерното количество на CO2 во атмосферата, но може да помогне да се зачуваат фосилните горива од исцрпување.

Статијата е објавена во „Futurism“.

Поддржете ја нашата работа: