Батерии од јаглерод диоксид

Научниците Кери Пинт од Универзитетот Вандертбилт и Стјуарт Лихт од Универзитетот Џорџ Вашинхтон направиле систем кој го претвора јаглеродниот диоксид во јаглеродни нановлакна – изум кој би можел да го револуционизира светот на батериите.

Како што велат двајцата научнци, со овој изум атмосферскиот јаглероден диоксид се претвора во вреден производ, ресурс, а не само несакана последица.

Проектот на Лихт „СТЕП“ (соларен термален електрохемиски процес), со помош на сончева енергија го разложува јаглеродниот диоксид и од јаглеродот создава нановлакна во облик на цевчиња. Пинт успешно ги искористил овие влакна како позитивни електроди во литиум-јонските и натриум-јонските батерии. Бидејќи СТЕП го разложува јаглеродниот диоксид, резултатот е извор на енергија кој не само што не ја зголемува емисијата на CO2, туку дури и ја намалува. Иако ова звучи премногу добро за да биде точно, Лихт и Пинт тврдат дека нивниот систем дури е и многу комерцијално исплатлив.

convertingatСо други зборови, не се работи за некаков „зелен“ проект каде се жртвува ефикасноста заради еколошки цели. Литиум-јонските батерии добиваат мал пораст на ефикасноста, додека натриум-јонските батерии бележат пораст и до 350 отсто. Покрај тоа, и после два и пол месеци работа, батериите со јаглеродни нановлакна не покажале никакви знаци на пропаѓање.

Пинт и Лихт засега ја гледаат својата батерија како стандарден извор на енергија во  идните електрични автомобили. Меѓутоа, ако нивните тврдења се потврдат, не би требало да не зачуди ако овие батерии најдат примена и во други индустриски сфери. Веќе се споменува електрана која би работела на гас, а емисијата на CO2 би ја користела за подобрување на работата на генераторите.

Како што вели Лихт, добивката од ефикасноста на генераторите би ја елиминирала потрошувачката на самиот СТЕП систем и нето резултатот би бил електрана со нула (0) емисија на CO2.

Истражувањето е објавено во „ACS Central Science“.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.