Батерија за електричните автомобили што се полни за 5 минути

Израелската компанијата СторДот (StoreDot), на саемот „CUBE Tech“ во Берлин претставила погонска батерија за електричните автомобили која би можела да доведе до револуција во развојот на овој вид автомобили.

Иако сѐ се поприсутни на патиштата ширум светот, електричните автомобили сѐ уште не се масовно прифатени како превозно средство.

Покрај релативно високата малопродажна цена, најголемата пречка за поголема продажба на автомобилите на струја е долгото чекање да се наполни батеријата, што ја намалува нивната практичност при секојдневно возење, особено на подолги релации.

Едно од решенијата се брзите полначи поставени долж автопатите и прометните сообраќакници, но времето потребно за дополнување на батериите на овој тип на полначи значително е подолго во однос на времето потребно да се наточи гориво во резервоарот на автомобилите.

Меѓутоа, фирмата СторДот тврди дека конструирала батерија која може да се наполни „супер брзо“, односно само за 5 минути.Ова е многу пократко од времето на постоечките брзи полначи на кои батериите се полнат за 20-30 минути.

Освен тоа, од компанијата тврдат дека автомобилите после полнењето ќе имаат доволно склдирана енергија да поминат 480 километри.

Според објаснувњето на СторДот, нивната батерија е „комбинација на слоеви од нано материјали и органски соединенија“. Исто така, во текот на изработката на овие батерии не се користи графит кој вообичаено го има во литиум-јонските батерии, бидејќи тој го оневозможува брзото складирање на енергијата.

Новата технологија, која е наречена „FlashBattery“, се состои од 40 поединечни модули кои меѓусебно се поврзани во еден пакет погонски батерии.

Фирмата СторДот соопштила дека овој систем е сѐ уште во фаза на развој и усовршување, но се очекува во следните три години овие батерии да го најдат патот до електричните автомобили.

Погледнете го видеото.

Поддржете ја нашата работа: