Белите дробови не служат само за дишење

Научниците од Универзитетот во Калифорнија откриле дека белите дробови не служат само за дишење, туку дека имаат и друга  важна функција.

Проучувајќи ги белите дробови кај глувци тие откриле дека белите дробови  продуцираат половина од тромбоцитите – крвните плочки кои играат клучна улога во запирање на крварењето при повреди.

Долго се сметаше дека најголемиот дел од тромбоцитите се создаваат во коскената срж, а  само мал дел во белите дробови.

Меѓутоа , новите  наоди покажале дека значењето  на белите дробови во создавањето на тромбоцити е многу поголема, но и дека тие претствуваат резервоар на хематопоетични матични клетки, кои  пружаат помош кога залихите во коскената срж ќе се намалат.

„Ова откритие ни овозможува многу пософистициран увид во овој орган-  белите дробови  не служат само за дишење, тие учествуваат и во формирањето на клучните крвни компоненти.Она што го забележавме кај глувците, најверојатно важи и за луѓето“ вели  професорот Марк Луни, еден од членовите на истражувачкиот тим.

Научниците сметаат дека ова сознание ќе им помогне да најдат подобри начини за третирање на болестите на крвта, но и дека ќе ја зголеми успешноста на трансплантациите на белите дробови.

Истражувањето е објавено во списанието „Nature“.

Поддржете ја нашата работа: