Откриени четири нови видови на црви на кои може повторно да им се регенерира главата

Кога би размислувале за супермоќи, многу од нас веројатно би сакале да бидат невидливи или да им се обнови некој оштетен орган. Некои организми кои живеат на Земјата всушност го можат тоа. Да им се регенерираат цели органи кога им затреба, а научниците сега откриле четири нови видови на црви кои се во состојба да ја регенерираат дури и сопствената глава.

Но, тука не застанува интересната работа. Експертите утврдиле дека кај некои црви таа способност се развила неодамна и независно од другите видови, што може да ни помогне да сфатиме од каде таа способност за регенерација воопшто доаѓа, односно кој механизми точно се кријат позади процесот.

Научниците досега сметале дека способноста за регенерирање е древна особина која ја имале некои врсти и ја изгубиле со текот на времето, а некои ја зачувале до денес. После оваа студија, научната заедница ќе мора да поработи на новите хипотези.

“Ова би значело дека кога ќе се споредат можностите за регенерација на различни животни, повеќе не можеме да претпоставиме дека тоа е древна способност која укажува на заеднички предци. Ќе треба да повнимаваме кога ќе ги споредуваме способностите на различните видови”, вели Александра Бели, биолог на Универзитетот во Мериленд.

Многу видови имаат способност да се регенерираат, барем до одреден степен. Дури и ние луѓето кога ќе се исечеме на кожа, истата се регенерира. Пајаците можат да создадат сосема нови нозе, а на некои видови црви може да им израсне цело тело.

Со цел да истражат до која мера стигнува способноста за регенерација кај црвите, собрале уште 22 видови од бреговите во САД, Аргентина, Шпанија и Нов Зеланд.

Воочиле дека уште четири нови видови имаат способност за регенерирање на сосема нова глава. Науката досега знаеше за само четири.

Особено е интересно тоа што секој вид сам за себе развил способност, односно способноста не е наследена од заеднички предок.

“Предците на тие црви немале способност за регенерирање на глава, туку црвите ја развиле способноста со текот на времето. Кај еден вид, способноста се развила пред 10 до 15 милиони години”, вели Бели.

Ова најново истражување може да помогне при разбирањето на регенеративната способност и како може да се употреби за различни цели, на пример, при трансплантација на органи.

Студијата првично е објавена во списанието Proceedings of the Royal Society B.

Поддржете ја нашата работа: