Безопасен вирус, можен кривец за целијакија

Еден вообичаено безопасен вирус можно е да игра улога во поттикнувањето на целијачната болест, укажува едно истражување спроведено на глувци.

Истражувачите откриле дека помеѓу глувците кои биле генетски модифицирани со предиспозиција за целијакија, оние кои биле инфицирни со реовирус, имале поголема веројатност да покажат негативна имунолошка реакција на глутен ( како да се работи за опасен патоген ), од глувците кои не биле заразени со вирусот.

Во текот на истражувањето, научниците откриле дека еден специфичен тип на реовирус, наречен „T1L“го „лаже“ имунолошкиот систем, така што тој почнува да се бори против безопасните молекули од храната.

Иако инфекциите со реовирусите се чести кај човекот, тие речиси никогаш не предизвикуват симптоми. Меѓутоа, истражувањето исто така покажало дека лицата со целијакија имаат повиско ниво на антитела против реовирусите, во споредба со луѓето без оваа состојба.

Овие наоди укажуваат дека инфекцијата можеби остава „траен белег“ врз имунолошкиот систем кој го поставува организмот во состојба да развие целијакија.

„Целата работа се сведува на тајмингот. Доколку инфекцијата со реовирусите и внесувањето на глутен се случат во исто време, организмот по грешка ја смета храната што содржи глутен како штетна“објаснува  др. Тимоти Дермоди, шеф на одделот за педијатрија на Универзитетот во Питсбург и еден од авторите на студијата, што е објавена во списанието „Science“.

Сепак Дермоди не верува дека реовирусот „T1L“ е единствен вирус кој има моќ да ја поттикне целијакијата. Понатамошните истражувања ќе го анализираат ваквиот потенцијал и кај другите вируси и на тој начин да се одреди дали  „T1L“ е вистинскиот поттикнувач на болеста кај луѓето. Доколу ова се покаже дека е точно, тогаш би можело  дури и да се равие вакцина за децата што се ризични, што би ја блокирало појавата на болеста.

Целијакијата е автоимуно заболување каде имунолошкио систем  абнормално реагира на протеинот глутен кој се наоѓа во пченицата, јачменот, ‘ржта и овесот, а оваа реакција ја оштетува слузницата на тенкото црево. Се лечи со исхрана без глутен, но понекогаш е потребна и имуносупресивна терапија.

Поддржете ја нашата работа: