Ова се основните симптоми кои укажуваат на алергија од глутен, и кои не треба да ги игнорирате:
1. Промени во расположението
– Освен што влијае на варењето на храната, глутенот влијае и на психата. Се поврзува со промени во расположението, анксиозност, депресија и хиперактивност, а експертите тврдат дека симптомите ќе се ублажат едноставно со исфрлање на храната богата со глутен од вашето мени.
2. Чест замор
– Како последица од интолеранцијата на глутен се јавува хроничен замор и пад на енергијата, особено после јадење.
3. Главоболки и вртоглавица
– Луѓето кои не се толерантни на глутен, има поголема веројатност да страдаат од главоболка. Се јавува за половина до еден час по јадење храна која содржи глутен.
4. Хормонални промени
– Воспаленијата кои ги предизвикува самата интолеранција на глутен ги оптеретува надбубрежните жлезди и ја пореметува работата на ендокриниот систем. Токму поради тоа се менува нивото на хормоните во телото, што може да предизвика неплодност и неправилен менструален циклус.
5. Чешање и исип на кожата
– Кога вашето тело се бори да се справи со алергија на глутен, тоа не може да се избори и со чешањето на кожата. Тоа се должи на воспалението предизвикано од оваа борба: вашиот имунолошки систем создава многу антитела за борба против глутен. Овие антитела може да предизвикаат кожни реакции слични на псоријаза.
За да се открие болеста, може да се направи испитување на антитела на глутен во крвта. Меѓутоа, за да се потврди истата, пациентот мора да направи биопсија на тенкото црево по консумирање храна што содржи глутен. Пред тестирањето, во исхраната мора да биде вклучена и храна што содржи глутен, затоа што, во спротивно, цревата можат да заздрават и целијакијата нема да биде откриена.
Затоа, доколку ги имате овие симптоми, посетете лекар и никако не превземајте диети на своја рака. Диетите на база на безглутенска исхрана не се добри за здрави луѓе.