„Тоа се случува додека се движите: без да се свесни за тоа, таен систем дискретно го евидентира вашето дишење и отчукувањата на срцето“, велат од Kатаби лабораторијата за компјутерски науки и вештачка интелeгенција во Масачусетс Институтотот за технологија.
Наречен „Витал Радио“, системот нема потреба од сензори прикачени на телото, но сепак е речиси еднакво прецизен како конвенционалните методи. Неговите мерења се безжични, па дури и работат преку ѕидови. Тимот верува дека системот е корисен за следење и подобрување на здравјето на пациентите во болниците и дома.
Освен медицинските цели, системот има и една интересна опција: следење на нашата емоционална состојба. Дополнителна предност е што може да се вгради во стандардните домашни рутери, a и во сите други како например во оние на некој од мобилните оператори.
Оваа технологија ако добро размислиме не е ни малку наивна и муабетот дека ќе се употребува само за медицински цели е помалку смешен. Оваа технологија им овозможува на оние што сакаат да ја злоупотребат многу незгодни опции, што значи ќе може некој во моментот да те шпионира и да знае дали си возбуден, дали спиеш, колку ти куца срцето, а најверојатно ако може да снима фреквенција на отчукувања на срцето тогаш ќе може да се модификува и да снима и фрекфенција на вибрација од гласни жици т.е. секој изговорен збор, секој испуштен крик.
Функционира со помош на дел од радио спектар сличен на оној што се користи за Wi-Fi, потоа ги регистрира сигналите кои одразуваат дејство. Исто така го мери потребното време за враќање на рефлектираниот бран – неговото „време на летање”. Секој објект во непосредна близина, вклучително и луѓето , ќе се одрази со различни временски сигнали во зависност од оддалеченоста од антената.
Системот потоа анализира сигнали кои укажуваат на движење. Отчукувањата на срцето, пулсот во нашиот врат, невидливи за голо око, се гледаат во рефлектираните сигнали. Тимот го претстави уредот оваа недела во „CHI“ компјутерската конференција во Сеул, Јужна Кореја.
На пример, со инкорпорирање на системот, вашиот компјутер би знаел дека филмот што го гледате ве смирува и нема да ви досадува со нотификации освен ако не се итни. Паметните осветлувања или музичките системи може да ја променат бојата/музиката во согласност со вашето расположение.
Се планира усовршување на системот до точка каде што може да се следи чукањето на срцето на фетусот во внатрешноста на неговата мајка.
Иако креаторите споменаа дека „Витал Радио“ се’ уште има неколку технички недостатоци, оптимистично очекуваат набрзо да има широк спектар на намена.
– Само не се секирајте, има решение да се заштитиме, прочитајте малку за фарадеев кафез.
Репост на Енаука.мк
Текстот е оригинално објавен на 25 Април 2015