Средношколец направил градник за рано откривање рак на дојка

18-годишиот ученик Хулин Риос Канту од Мексико, направил градник кој може да детектира знаци на рак на дојка.

Тој бил инспириран од состојбата на неговата мајка која ги изгубила двете гради како последицана оваа болест. Овој пронајдок, кој како што вели, може да ги спаси животите на милиони луѓе.

Градникот содржи 200 сензори кои вршат мапирање на површината на градите и ги следи промените во температурата, бојата и текстурата на градите.

Топлотните сензори можат да детектираат зголемен проток на крв во одредени делови, што може да значи дека на овој начин се храни некој тумор.

Податоците преку „Bluetooth“ се испраќаат до мобилна или веб-апликација каде се обработуваат со помош на вештачката невронска мрежа.

Потребно е градникот да се носи само еден час неделно.

Погледнете како изгледа оваа иновација

Поддржете ја нашата работа: