Бил Гејтс разви чип за контрацепција

Може да функционира до 16 години.

Идејата се родила после посетата на Бил Гејтс на Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) пред две години, кога го прашал професорот Роберт Лангер дали постои начин за контрацепција што ќе се вклучува и исклучува преку далечински управувач. Тоа би ги поштедило жените од одење во болница за да го отстранат контрацептивниот имплант кога ќе решат да забременат.

Лангер ја поврзал фондацијата Гејтс со фирмата „MicroCHIPS“ од Масачусетс, лиценцирана за употреба на ваква микрочип технологија и оттогаш заедно работат на новата технологија, која би можела да се појави до 2018 година. Тестирањата за нејзината безбедност започнуваат оваа година.

МИТ изјавува дека имплантот мора да биде кодиран, за да се заштити безжичниот проток на податоци и да ги чува на сигурно. Чипот е со димензии 20мм Х 20мм Х 7мм, а резервоарите за хормоните се складирани во чип со широчина од 1,5см сместен во самиот уред.


Според извештајот од МИТ, овој микрочип за контрацепција би се одржал скоро две децении и дневно би испуштал 30 микрограми хормони, кои вообичаено се користат за контрацепција. Дневната доза се испушта со помош на мало електрично полнење што ја топи ултра тенката обвивка во која се запечатени хормоните. Чипот за контрацепција може да биде имплантиран поткожно во задникот, надлактицата или стомакот.

Со оглед на тоа дека истиот човек ја финансираше оралната вакцина како мамка за стерилизација на стаорците и за генетска модификација на комарците, овој третман по самата своја природа е невозможно да добие согласност од сите пациенти кои се вклучени, а огромните импликации од новиот чип за контрацепција на Гејтс се вчудовидувачки.
Какви се вашите размислувања за овој чип? Дали има место за загриженост? Дали сметате дека оваа технологија е позитивна иновација?Што мислите, дали постои можност зад оваа технологија да се кријат други намери? Споделете го вашето размислување со нас.

Поддржете ја нашата работа: