Меѓународен тим од научници открива сосема необичен планетарен систем во кој топлиот гигантски гас орбитира околу ротирачките ѕвезди. Според сите физички закони, таа планета не би требало да постои.
Постојат неколку необични работи за ѕвездата која е наречена HIP 65426, и планетата HIP 65426b. Ѕвездата има двапати поголема маса од Сонцето и би требало да формира поголеми планети од HIP 65426b, чија маса е помеѓу 6 и 12 пати поголема од онаа на Јупитер. Се наоѓа 100 пати подалеку отколку што е оддалеченоста меѓу Сонцето и Земјата.
Покрај тоа ѕвездата ротира 150 пати побрзо од Сонцето и иако е стара само 14 милиони години, нема диск од вселенска прашина околу неа.
“Очекувавме еден вака млад планетарен состав сеуште да содржи прашина од дискот, кој би се појавил во нашите набљудувања”, вели лидерот на тимот Gael Chauvin од Универзитетот во Гренобл и Универзитетот во Чиле
“Кај HIP 65426 до сега сеуште не откривме таков диск што е вистинска индикација дека овој систем не се совпаѓа со класичниот модел на планетарните формации кои што науката го знае”, додава тој.
Научниците предложиле објаснување за овој необичен систем. Објаснувањето е дека планетата веројатно се формирала истовремено со уште некоја која била поблиску до ѕвездата, и поради гравитацијата мигрирала подалеку од неа, додека другата била исфрлена од системот во целост.
Иако станува збор за интересно објаснување, за било кој конкретен доказ ќе бидат потребни додатни набљудувања и симулации.