Како до соларни панели од стари акумулатори (+ВИДЕО)

Оловните акумулатори што ги користат автомобилите имаат потенцијал да предизвикаат цела низа проблеми во животната средина. Но, рециклирањето овозможува оловото од еден акумулатор да се искористи во друг и со тоа да се спречи загадувањето на околината.

Сепак, со појавата на новите поефикасни типови како литиумските, се отвори прашањето што да се прави со оловото од старите акумулатори. Според истражувачите од МИТ тоа може да се рециклира и да се претвори во ефтини соларни панели.

Последниве години, истражувачите работеа на соларни ќелии кои користат соединение наречено „перовскајт“ (анг. perovskite). Со овие ќелии е постигната ефикасност од 19 проценти во претворањето на соларната енергија во употреблива електрична енергија, слично како и ќелиите на база на силициум што вообичаено се користат. Меѓутоа проблем кај овие ќелии е употребата на олово за нивното производство.

Новата студија објави дека во производството на овие ќелии може ефикасно да се искористи оловото од старите акумулатори. Кога оловото ќе влезе еднаш во производниот процес, тоа може де се рециклира и повторно да се употреби во друга соларна ќелија, на сличен начин како кај акумулаторите.

Од друга страна пак, бидејќи листовите од „перовскајт“ во соларните ќелии се многу тенки (околу пола микрон) од оловото од само еден акумулатор може да се направат соларни панели за 30 домаќинства.

Ве молиме доколку не сте доволно стручни и немате соодветна опрема да не се обидувате да ги следите постапките од видеото.

https://www.youtube.com/watch?v=A8cioCTiQZQ

Поддржете ја нашата работа: