Боинг патентираше мотор кој ќе комбинира ласер и нуклеарна експлозија

Современите авиони на Боинг се управувани од повеќе мотори кои распоредуваат серија на вентилатори и турбини за да се компресира воздухот и да се запали горивото. Новиот мотор, кој Боинг го патентираше минатата недела, комбинира ласер и нуклеарна експлозија и ќе може да се користи за напојување на ракети, проектили, па дури и вселенски летала. Еве како работи:

 

  1. Новиот мотор на Боинг работи со насочување на моќни ласери во радиоактивен материјал, како што се деутериум и тритиум.
  2. Ласерите предизвикуваат радиоактивниот материјал да испари и настанува фузија со сила на мала термнонуклеарна експлозија.
  3. Водородот и хелиумот се издувните нус-производи кои излегуваат од задниот дел на моторот под висок притисок и се создава погонска сила.
  4. Истовремено, внатрешниот ѕид на комората на моторот, обложен со ураниум 238, реагира со неутроните кои се произведени со нуклеарната реакција и се создава огромна топлина.
  5. Моторот ја контролира топлината со течноста за ладење по должината на другата страна на комората на моторот обложена со ураниум.
  6. Оваа течност (сега веќе затоплена), преку турбината и генераторот се пренесува до ласерите за да ги напојува.
  7. Освен радиоактивниот материјал, за овој мотор е потребно многу малку надворешна енергија.
enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.