Бојата на урината – показател за дехидрација

Спортистите и војниците веќе со години користат карта со бои за да го одредат нивото на нивната хидратација.

Истражувачите од Универзитетот во Арканзас направиле тестирање на оваа скала од осум бои на урината, за да утврдат дали методата може да се искористи кај деца од 8 до 14-годишна возраст, за проценка на нивото на нивната хидратација.

Наодите покажале дека не само што оваа скала може да се примени кај децата, туку дека тие можат сами да ја користат за прецизно да го одредат сопственото ниво на хидратација.

Едно истражување направено во САД (објавено овој месец во „American Journal of Public Health“) покажало дека половина од децата се недоволно хидрирани, со тоа што кај момчињата е забележано највисоко ниво на дехидрација.

Благата дехидрација кај децата е поврзана со намалување на когнитивните функции и полоши резултати во училиште.

„Потребата за валидна проценка на хидратацијата кај децата е очигледна, бидејќи е забележано дека децата и во САД и Европа не ги конзумираат препорачаните дневни  количини на вода. Воспоставувањето на алатка за брзо одредување на нивото на хидратација ќе овозможи децата да ги подобрат своите навики за конзумирење на вода“- истакнуваат истражувачите.

Наодите од истражувањето се објавени во „European Journal of Nutrition“.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.