Мерење на нивото на урина во базените на Канада

Канадските научници кои го мереле нивото на урина во базените, откриле колку е тоа високо и резултатите не се воопшто добри.

Научниците од Универзитетот Алберт, направиле тест за мерење на количеството на урината со што земале 250 примероци од 31 базен и џакузи од два Канадски градови.

Резултатите покажале дека во еден базен со капацитет од 830.000 литри вода, голем колку отприлика една третина на олимписки базен, имало присуство на урина од 75 литри, додека во друг помал базен откриле 30 литри.

Со влегување на телесни течности во базените влегуваат и разни супстанци, а веста за промената на бојата на водата во базените преку ноќ на Олимписките игри во Рио 2016-та, ја нагласува потребата од следење на квалитетот на водата, се наведува во списанието Environmetal Science and Technology Letters.

Иако самата урина е стерилна, нејзиното присуство во базените претставува причина за загриженост за јавното здравје бидејќи урината може да се помеша со супстанци и да наштети на здравјето на пливачите.

На прашањето за студијата, Министерството за здравство во Алберта велат дека внимателно ќе ја проучат.

“Во согласност со Законот за јавното здравство, министерството има прописи за стандарди. Базените кои не ги задоволуваат стандардите ќе бидат затворени”, вели портпаролот на Министерството Тим Кулак.

Според студијата истражувачите ја мереле концентрацијата на калиум ацесулфам, вештачки засладувачи, кои целосно поминуваат низ телото и се “идеални маркери за урина”.

Поддржете ја нашата работа: