Што бојата на урината говори за вашето здравје?

Повеќето луѓе не сакаат да зборуваат за работи како бојата на урината или изметот, но реално, факт е дека тие можат многу да покажат за состојбата на вашето здравје. Можеби не разговарате на овие теми, но знаете дека премалку или премногу нивни излачувања не се добри за вашето здравје.

boja-urinaВажно е да се знае што урината зборува за нашето здравје. Експертите велат дека урината е најлесен пат до самопреглед на нашето телесно здравје. Доколку некаде во телото постои проблем – ќе се појави во урината. Промените на мирисот и бојата се показател колку е функционален нашиот телесен систем.

Нормална боја на урина би требало да биде бледо жолта, но во зависност од состојбата на телото бојата знае драстично да варира. Некои варијации се нормални, но некои се алармантни, еве кои се почестите промени на бојата на урината:

Темно жолта – Ако светло жолтата боја е нормална за урината, темно жолтата боја укажува на телесна дехидратација. Концентрацијата на урината е зголемена, затоа бојата станува потемна. Консумирање на повеќе течности е неопходно кога ќе забележите темно жолта боја на урина.

Црвена – Црвена боја на урина варира од слабо црвенкаста до силно црвена нијанса. Може да укажува на присуство на крв во урина или излачување на некои елементи со црвена боја. Оваа боја во урина секогаш е индикација за посета на лекар. Крв во урина може да потекнува од бубрезите, мочниот меур, мочоводите, простата, и доколку се докаже хематурија потребно е да се направат испитувања на овие органи.

Кафеава боја – Оваа боја на урина се јавува поради многу состојби но најчесто се јавува како резултат на неправилна работа на црниот дроб, сериозни заболувања на црниот дроб, хепатити, карциноми, меланом, цироза и слично.

Портокалова – Портокалова боја знае да се јави често по земање на некои лекови, но често знае лажно да ве исплаши ако претходно сте консумирале морков или цитрусни овошја.

 

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација